Костески од Струга со трансфер во Загреб

Еден од најталентираните македонски ракометари, Ненад Костески, направи значаен трансфер во кариерата договарајќи преселба во таборот на Загреб. За услугите на овој ракометар на Струга се интересираа и неколку домашни суперлигаши, но Костески на крајот се реши за меѓународен предизвик, избирајќи да напредува во кариерата како член на актуелниот првак на Хрватска.

Станува збор за играч кој настапува на позицијата десно крило и кој заедно со Мартин Серафимов се наметна како еден од лидерите на кадетската репрезентација на Македонија. Костески потпиша договор со Загреб на најмалку три сезони, а во дресот на новиот клуб Македонецот ќе има можност да учи од хрватскиот репрезентативец Златко Хорват, кој настапува на неговата позиција.

Со трансферот на Стоилов се продолжува и традицијата македонски ракометари да го носат дресот на најтрофејниот хрватски клуб, откако претходно истото беше случај и со Кирил Лазаров, Иван Марковски, Мите Стоилов…

Се вчитува...