Kостески успешно опериран следи период на рехабилитација

Репрезентативното ракометно крило Ненад Костески изврши оперативен зафат по тешката повреда на предните вкрстени лигаменти кој ја задоби уште во март месец.

Костески го скина предниот вкрстен лигамент на десното колено, по што мораше да замине на операција. Таа денеска беше успешно реализирана па македонското крило сега го чека долг период на рехабилитација.

Се очекува Костески да биде надвор од терените 6 до 7 месеци, а негово враќање се очекува дури на стартот на 2025 година.

Се вчитува...