Костов: Добро го анализиравме Шкупи, одиме на победа во Скопје

Екипата на Шкупи утре од 21 часот на арената „Тодор Проески“ го очекува првиот натпревар од пресметката со Левски Софија во 2. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига.

Бугарите се претпазливи пред утрешниот меч, но веруваат во своите квалитети дека може да дојдат до поволен резултат.

„Многу работи видовме за Шкупи, ги анализиравме во последните два меча. Одиме на победа и јас верувам во моите играчи, а тие се трудат да го дадат најдоброто од себе. Тоа што ќе имаме поддршка од нашите навивачи е дополнителна мотивација за фудбалерите“, вели тренерот на Левски, Николај Костов.

Се вчитува...