Ковачиќ контра гласините: Во Лондон се чувствувам како дома

Матео Ковачиќ веќе некое време се поврзува со заминување од редовите на Челси. Хрватскиот репрезентативец настапува во „синиот“ дрес од 2018 година, но чини дека е прекуброен по мегаломанските трансфери под водство на Тод Боели.

Сепак доколку се прашува Хрватот тој не би заминал од Лондон. Во интервју за клупскиот сајт говореше на повеќе теми, а откри дека тој и неговата фамилија уживаат во градот.

„Тука сум веќе пет години, времето брзо лета. Во Челси сум најдолго отколку во било кој друг клуб. Се чувствувам навистина како да сум дома. Нема нешто за што не би го сакале Лондон. А и мојата фамилија ужива и тоа ми олеснува. Храната е во ред, можеби не како во Италија или Шпанија, но Лондон е неверојатен. Мојот син оди во градинка и ужива таму. Можам да кажам само добри работи за Лондон и Англија, навистина е убаво тука. Сакам да останам уште долго“, вели Ковачиќ.

Се вчитува...