Ковачиќ си оди од Сити, Јуве го чека со раширени раце

Матео Ковачиќ е подготвен да си замине од Манчестер Сити откако хрватскиот репрезентативец реши да не потпишува нов договор со „граѓаните“.

Преговорите веќе извесно време не носеа вистински напредок, а најавите од Премиер-лигата за жестока казна на поранешниот првак придонесоа Хрватот самиот да пресече – следното лето да ги смени клупските бои. Тој верува дека на 32-годишна возраст може да направи уште еден трансфер во некој од европските гиганти, а Јувентус е тимот што засега покажува најсериозен интерес да го доведе во своите редови.

„Старата дама“ во последните години успеваше да договори квалитетни играчи без никаква отштета, а сега се надева дека ќе успее истото да го стори и со Ковачиќ. За Хрватот ќе биде подготвен тригодишен договор, самиот Матео е заинтeресиран за камбек во италијанскиот фудбал (2013 до 2015 година ги бранеше боите на Интер).

Се очекува Ковачиќ да биде еден од низата фудбалери на Сити кои ќе го напуштат Манчестер, по најавите за драконски казни од Премиер-лигата за поранешниот првак, кој беше прогласен за виновен за 114 од вкупно 115-те обвиненија што беа поднесени против него.

Се вчитува...