Ковид и во младата репрезентација – Чурлинов, Јанков и Тодоровски нема да бидат промовирани во А-тимот

Младите македонски репрезентативци Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и Ристе Јанков нема да добијат промоција во А-тимот бидејќи младата репрезентација се соочува со ковид проблеми.

Во таборот на репрезентацијата до 21 година има неколку позитивни тестови, па тие ќе мора да останат во тимот на Благоја Милевски, иако беа најавени дека ќе бидат замена за Горан Пандев, Аријан Адеми и Столе Димитриевски.

Дополнителен повик по овие откажувања во А-тимот доби Љупче Дориев од Шкендија.

Се вчитува...