Кожув беше превисок за младите „штркови“

Кожув прокнижи нови бодови во Првата лига откако тимот од Гевгелија рутински славеше против „фенерџијата“ МЗТ Скопје 2 со резултат 78-101. Избраниците на Алек Јончевски одиграа рутински меч, а една екстра-четвртина им беше доволна за да го скршат отпорот на младите „штркови“ и да си ја осигураат победата.

По првите десет минути игра резултатот гласеше 21-21, но потоа Кожув блесна во нападот во втората четвртина, постигна 31 поен (18-31), по што рутински ја одржа предноста до самиот крај. Во последната четвртина Јончевски им даде шанса на помладите кошаркари, но и тие одлично се покажаа, одржувајќи ја разликата над 20 поени, до конечните „плус 23“.

Пејн со 25 поени и осум асистенции беше најзаслужен за победата, по 14 постигнаа Џенкинс и Зданавичиус, додека главна фигура во младиот состав на МЗТ беше Димитровски со 26 постигнати поени.

Се вчитува...