Kрафт славеше во Трондхајм и направи чекор поблиску кон големиот кристален глобус

Австриецот Штефан Крафт победи на големата скокалница во Трондхајм во Светскиот куп во ски-скокови. Во првата серија имаше скок од 137,5 метри со 144,2 поени, а во втората прескокна 134 метри за 147,6 поени, што беше доволно за нова победа.

Второто место го освои сонародникот на Крафт, Даниел Чофениг со вкупно 290,8 поени и скокови од 135 и 132,5 метри. За целиот австриски подиум се погрижи Јан Херл, кој имаше скокови од 130,5 и 138 метри и вкупно 288,8 поени.

Крафт е прв во генералниот пласман со 1,88 поени, Кобајаши има 1,580, додека Велингер е трет со 1,390.

Се вчитува...