Крај на авантурата во Романија: Таргу Џиу го раскина договорот со Јорданчо Давитков

Македонскиот кошаркарски стручњак и некогашен репрезентативец и селектор, Јорданчо Давитков, повеќе не е тренер на романскиот клуб Таргу Џиу.

Тимот официјално потврди дека пријателски се разделиле со Давитков и му посакаа успех во понатамошната кариера.

Таргу Џиу е во серија од четири порази по ред, а последен меч за Давитков на клупата беше синоќешниот против Динамо Букурешт.

Се вчитува...