Крај на доминацијата на Ѓоковиќ – Медведев е повторно број 1

Новак Ѓоковиќ повеќе не е прв тенисер на АТП листата и неговата доминација со светскиот тенис засега се завршува на рекордни 373 седмици.

Првото место повторно го презеде Данил Медведев кој ја почна четвртата седмица на врвот на листата. Русинот има 7950 поени, а првпат во кариерата на второто место е Александер Зверев од Германија.

Србинот сега е трет, пред најголемиот ривал Рафаел Надал кој е четврти. Ако ситуацијата на Вимблдон остане иста, а тоа значи да нема добивање бодови, Ѓоковиќ што и да направи на овој турнир по него може да падне дури на седмата позиција.

Во топ 10 уште се наоѓаат и: Каспер Руд, Стефанос Циципас, Карлоз Алкараз, Андреј Рубљов, Феликс Оже-Алиасим и Матео Беретини.

Се вчитува...