Крај на легендарниот тим: Уште една фудбалска икона ја напушта Барселона

Легендарниот тим на Барселона кој со години предизвикуваше страв и трепет, а воедно и доминираше на европска сцена одамна повеќе не е заедно.

Пике и Бускетс се едни од ретките фудбалери од легендарната генерација, но се очекува на крајот на сезоната и двајцата да ја напуштат Барселона.

Пике наводно размислува за завршување на кариерата, а на излезна врата е и Серхио Бускетс. 33-годишниот играч за врска ги игра последните натпревари за Барселона и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Шпанецот веќе добил понуда од Интер Мајами, клубот на Бекам, кој сака да го довесе во „пакет“ со Луис Суарез. Според шпанските медиуми Бускетс дал начелна согласност за трансферот и кариерата ќе ја продолжи во МЛС лигата.

Се вчитува...