Един Џеко по повеќе од еден месец се очекува да биде меѓу почетните единаесетмина на дуелот против Удинезе кој се игра во недела, но нема да ја носи и капитенската лента, откако тренерот Фонсека и раководстовто на Рома одлучија да му ја одземат „титулата“ лидер на тимот.
Репрезентативецот на БиХ по кавгата со тренерот Фонсека долго време тренираше одвоено од тимот, на дуелот против Верона воопшто не беше во составот, а против Јувентус доби шанса на крајот на средбата. Како што пренесуваат италијанските медиуми, соиграчите стојат зад „Дијаматот“, меѓутоа не и тренерот и раководството на составот од Рим, па се поизвесно е дека 34-годишникот ги брои последните денови на „Олимпико“.
Како потсетување, Џеко беше блиску до преселба во Интер во зимскиот трансфер рок, како замена за Санчез, но на крајот овој трансфер не се оствари. Џеко за Рома досега има одиграно 243 натпревари на кои постигна 114 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА