Крај на осумгодишната истрага: Манчестер сити прогласен за виновен, дали ќе му ги одземат титулите?!

Манчестер Сити е прогласен за виновен по 114 од вкупно 115 обвиненија за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата во време од 2009 до 2018 година, објави „Атлетик“.

Според „Атлетик“, независната комисија донесе одлука во случајот, но санкциите и евентуалните казни сè уште не се утврдени. Тоа значи дека сите опции остануваат на маса, вклучително и сериозните казни за актуелниот англиски шампион како што се исфрлање од Премиер лигата, одземање на бодови и титули или финансиска казна.

Случајот против Манчестер Сити трае веќе осум години, а клубот цело време ги отфрла обвиненијата и инсистира дека постапката треба да се води независно, непристрасно и правично.

Од Премиер лигата не сакаа да го коментираат извештајот, додека Манчестер Сити не ја потврди, но ниту ја демантираше веста за одлуката.

Од клубот, наместо тоа, соопштија дека „процесот во Премиер лигата сè уште е во тек, со значајни делови кои треба да бидат завршени и со строги правила за доверливост“.

Во периодот за кој „граѓаните“ се обвинети за прекршување на финансиските правила, тие освоија три титули во Премиер лигата, еднаш триумфираа во ФА Купот, трипати во Лига купот.

Сепак, станува отворено прашањето со какви казни би се соочиле „граѓаните“. Меѓу можните казни се споменуваат одземање бодови, одземање титули, финансиски казни, па дури и исфрлање од Премиер лигата.

Конечната казна сè уште не е позната и нема официјална одлука за санкциите.

Се вчитува...