Крај на сагата: Марсијал го напушта Манчестер Јунајтед

Антони Марсијал ќе го заврши својот престој во Манчестер Јунајтед селејќи се во редовите на Севилја, информираат вечерва неколку шпански и британски медиуми.

Французинот не го криеше незадоволството поради минималната минутажа што ја добиваше сезонава, а на почетокот од годинава влезе во конфликт со Ралф Рангник откако беше обвинет од стратегот на Јунајтед дека одбил да се најде во тимот за меч од Премиер-лигата, нешто што Марсијал категорично го отфрли како лага. Неговиот агент во меѓувреме продолжи да преговара со заинтересираните клубови, за Севилја конечно да направи чекор напред во преговорите со Јунајтед.

Марсијал веќе ги има договорено личните услови, но проблем беше што шпанскиот клуб бараше „црвените ѓаволи“ да покриваат дел од платата на Французинот додека тој настапува на „Санчез Пизхуан“. Челниците на Јунајтед категорично одбија таква опција, а по најновиот чекор напред, се чини дека Марсијал се согласил на помала плата, само да добие зелено светло за заминување од „Олд Трафорд“.

Се вчитува...