Крај на „сагата“ на Ибраими: Конечно ќе може да заигра за Домжале

Конечно крај на „сагата“ за македонскиот интернационалец Агим Ибраими. По долго одолговлекување од страна на Фудбалската федерација на Казахстан, 29-годишниот Ибраими конечно ќе може да заигра во дресот на словенечкиот прволигаш Домжале.

Ибраими добива од денеска регистрација за Домжале откако ФИФА даде зелено светло, со оглед на тоа што изминатиов период се чекаше потврдата од Казахстан, која изостана.  По комплетирањето на документацијата, според најавите од Словенија, Агим Ибраими ќе биде во составот на Домжаче веќе на утрешниот првенствен натпревар против Алуминиј.

Ибраими, како што е познато, долго беше во немилост на претходниот негов клуб, казахстанската Астана. По изолацијата во Астана, нема официјален натпревар одиграно повеќе од 15 месеци, од август 2016 година.

  

Се вчитува...