Заврши сагата на Дани Олмо. Шпанецот стана нов играч на Барселона, откако денеска се збогуваше од неговиот тим Лајпциг, а попладнево го стави потписот на договорот кој е со важност до 2030 година.
Олмо беше дел од Барселона, а потоа како млад заминува во Динамо Загреб, што се покажува како вистински потег. Експлодираше во дресот на „модрите“, а потоа направи трансфер во Лајпциг, и сега се врати во каталонскиот тим.
Од овој трансфер ќе има процент и за Динамо Загреб, кој стави клаузула во договорот со Лајпциг при следна продажба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА