Крај на серијата: Роналдо по девет години нема да игра полуфинале

Кристијано Роналдо и на реваншот од четврт-финалето против Ајакс успеа да се запише меѓу стрелците, но и тоа не беше доволно за да го одведе Јувентус во полуфиналето од елитното европско натпреварување.

„Старата дама“ сосема заслужено е елиминирана, а со тоа е прекината и серијата на Роналдо, кој осум години по ред редовно стигнуваше најмалку до полуфиналето од ЛШ. Последен пат кога тоа не беше случај беше сезоната 2009/2010, прва за него во дресот на Реал Мадрид.

Кристијано дојде во Јувентус како адут за конечно да се стигне до европска круна, но на патот му застана Ајакс, истиот тим што еден месец пред Роналдо го симна од тронот на евро-фудбалот и првакот Реал Мадрид.

Се вчитува...