Крај на сезоната за Ајзеа Томас

Кошаркарот на ЛА Лејкерс, Ајзеа Томас превреме ја завршува сезоната поради операција на колкот. Оваа повреда Томас ја влече уште од ланскиот плеј-оф, но сега мораше да ја санира со операција за да има доволно време да се рехабилитира за следната сезона.

Плејмејкерот на лејкерси на крајот од сезонава ќе биде слободен играч и сигурно ќе бара нов вреден договор.

Ајзеа Томас минатата сезона бележеше по 28,9 поени во просек и беше еден од најдобрите играчи во лигата, но сеознава поради повредата не успеа да одигра на истото ниво. Сезомната ја почна во Кливленд кој потоа го трејдуваше во Лејкерси. За тимот од Лос Анџелес одигра 17 натпревари во кои имаше просек од 15,6 поени и пет аистенции.

Се вчитува...