Крај на сезоната за Диого Жота

Проблемите што Јирген Клоп ги има со повредени фудбалери во Ливерпул продолжуваат до самиот крај на сезоната, откако Диого Жота се здоби со незгодна повреда поради која ќе ги пропушти последните три средби на „црвените“ во Премиер-лигата.

Португалецот го постигна израмнувачкиот гол на дербито со Манчестер Јунајтед, но Жота нешто подоцна заработи незгодна повреда на стопалото. Денеска беше објавено дека овој напаѓач ќе го пропушти дуелот со ВБА, за Јирген Клоп пред мечот да соопшти дека за Жота оваа сезона е завршена.

„Нема добра работа без да ни се случи и нешто лошо. Победивме со Манчестер Јунајтед, но Диого има проблем со коска во стопалото. Изгледа дека не е премногу сериозно, но јасно е дека нема да можеме да сметаме на него до крајот на сезонава“, изјави Клоп.

Се вчитува...