Крај на сезоната за Дирк Новицки: Но, тоа не значи и крај на кариерата!

Кошаркарот на Далас, Дирк Новицки ја заврши сезоната по операцијата на левиот скочен зглоб.

Од клубот соопштија дека 39-годишниот Новицки морал да биде подлегнат на хируршка интервенција како би се исчистило несакано ткиво во скочниот зглоб. Новицки ја играше 20-та сезона во својата кариера во НБА лигата, а последниот меч го одигра во вторникот против Портланд.

Но, германскиот кошаркар вели дека планира и следната сезона да игра во НБА лигата. Оваа сезона во 77 меча во просек постигнуваше 12 поени, и имаше и 5,6 скока.

Дирк Новицки во 2007 година беше и најкорисен кошаркар во НБА лигата, а четири години подоцна беше и МВП на финалето кога Далас стигна до единствената титула.

Се вчитува...