Крај на сезоната за Енцо Фернандез

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Енцо Фернандез нема да игра за „сините“ до крајот на сезоната, бидејќи наскоро ќе мора да оди на операција на препоните, пишува аргентинскиот весник „Оле“.

Тој извесно време се жалеше на болки, но сепак беше дел од тимот на Челси. Постоеше опција лекувањето да се одложи до летото, но по консултација со лекарите на Челси и аргентинската репрезентација беше одлучено веднаш да се дејствува. Идејата е Фернандез да има доволно време целосно да се опорави за претстојната Копа Америка која започнува на 20. јуни.

Светскиот шампион пристигна на „Стемфорд Бриџ“ од Лисабон во јануари 2023 година во договор вреден 121 милион евра.

Се вчитува...