Милош Теодосиќ најверојатно нема да може да се врати на терените до крајот на оваа сезона, откако српскиот плејмејкер заработи незгодна повреда на стопалото за време на натпреварот против Милвоки. Во таборот на ЛА клиперс се надеваа дека не станува збор за ништо сериозно, но деталните прегледи покажаа дека станува збор за обновување на старата повреда поради која Теодосиќ пропушти 22 натпревари во првиот дел од сезонава.
Раководството на Клиперси веќе го стави Србинот на листата на повредени играчи, и тоа на неодредено време, што е јасен знак дека повредата не е наивна. Во ситуација кога регуларниот дел од сезоната завршува за петнаесетина дена, тешко е за верување дека Теодосиќ ќе може да се рехабилитира навреме за повторно да се појави во дресот на клиперси.
ЛА клиперс во моментов се наоѓа во трка со Јута за осмото место во Западната конференција, па Теодосиќ ќе се надева дека соиграчите без негова помош би можеле да стигнат до плејофот, каде тој има шанси за настап во својата дебитантска сезона во НБА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА