Крај на сезоната за Никола Карабатиќ?

Еден од најдобрите ракометари на сите времиња Никола Карабатиќ ја заврши сезоната поради повреда на нагота на ногата. Тој нема да биде во составот на ПСЖ најмалку три месеци, што значи и можен крај на тековната сезона во која клубот е еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите.

38-годишникот неодамна потпиша нов едногодишен договор со ПСЖ, што значи дека и следната година ќе биде дел од францускиот шампион.

Тој би требало да се врати на терените на крајот на мај, но и доколку ПСЖ стигне до фајнал-фор турнирот во ЛШ кој е на почетокот на месец јуни, прашање е во каква форма ќе биде одличниот бек.

Се вчитува...