Крај на соништата на БиХ: Финците среде Зеница им ги скратија „крилјата“ (ВИДЕО)

Крај на соништата на фудбалерите на БиХ за Светско првенство. Во одлучувачкиот натпревар во битката за втората позиција во групата Д, БиХ загуби на домашен терен во Зеница од Финска со 1-3, па Финците сега се во најповолна позиција за место во баражот.

Катастрофално лош натпревар одиграа репрезентативците на БиХ, дозволувајќи Финска да дојде до предност уште во првото полувреме со голот на Форс во 29. минута, откако претходно Пуки во 25. минута промаши и пенал.

Но, Лод не промаши во вториот дел кога во 51. минута донесе и 0-2 за Финска.

Босанците намалија на 1-2 преку Мењало, но конечните 1-3 ги постави Шагнеси во 73. минута за крај на надежите на фудбалерите на БиХ.

Се вчитува...