Реал Мадрид на гостински терен стигна до рутински триумф од 2-0 над Елче во рамки на 12-то коло од шпанската Примера. Винисиус Јуниор донесе водство за „кралевите“ во 22. минута.
Во вториот дел Елче остана со играч помалку откако главниот арбитар додели втор жолт на Раул Гути, а по неколку минути во листата на стрелци за гостите повторно се запиша Винисиус, кој зголеми на 2-0 во 73. минута.
До крајот на мечот домашниот тим намали на 1-2, но и тоа не им помогна да го избегнат поразот од Реал. Со оваа победа „кралевите“ се искачија на врвот на Примера со освоени 24 бода и подобра гол разлика, исто колку што има и Реал Сосиедад, а кој се наоѓа на втората позиција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА