„Кралевите“ ја освоија Памплона

Реал Мадрид славеше значаен триумф (1-3) на гости против Осасуна, задржувајќи го првото место на табелата во Примера. Сега „кралевите“ имаат 49 бода, еден повеќе од Барселона, но и два одиграни натпревари помалку.

Кристијано Роналдо прв ги доведе гостите во водство, но израмни Серхио Леон, па на одмор се замина со нерешен резултат.

Сепак, во вториот дел Реал Мадрид успеа да стигне до победата, благодарејќи на головите на Иско во 62.минута и на Лукас Васкез во последните моменти од мечот.

All Goals & Highlights HD – Osasuna 1-3 Real… by arcturusmedia33

Се вчитува...