Претставници на Реал Мадрид веднаш по веста дека Манчестер Сити е прогласен за виновен за прекршување на финансискиот ферплеј на Премиер лигата, стапиле во контакт со претставници на Ерлинг Халанд.
Претставници на управата на Реал Мадрид, веќе оствариле контакт со агентката на напаѓачот, Рафаела Пимента, која ја презеде грижата за кариерата на Халанд по смртта на Мино Рајола и се распрашувале за можноста дали напаѓачот би бил сакал да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.
Освен Реал Мадрид, сличен чекор направил и Арсенал, објави „фудбал инсајдер“, но прашање е дали Халанд би сакал да се пресели во друг англиски тим.
Судот го прогласи Манчестер сити за виновен по 114 од 115 точки од обвиненијата за прекршување на финансискиот ферплеј на Премиер лигата и според англиските медиуми, доколку казната биде ригорозна со одземање на бодови и исфрлање во Чемпионшип дивизијата, тогаш повеќе од извесно е дека Халанд ќе ги замине иако има договор до 2034 година.
Се очекува евентуалните понуди да бидат поголеми од 150 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
