Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, има причини за задоволство, затоа што полека се комплетира неговиот тим, а „болницата“ која владееше пред одреден период сега е сведена на се помалку имиња. Десниот бек Дани Карвахал се врати во полн тренажен процес и ќе конкурира за составот веќе на саботниот натпревар против Осасуна на гости во Примера.
На тренинг се појави и Велшанецот Герет Бејл, кој отсуствува долго поради операција на скочниот зглоб, но тој се уште работи одвоено од екипата. Се очекува за десетина дена и тој да влезе во натпреварувачки ритам.
Реал Мадрид на 15 февруари го игра првиот осминафинален меч од Лигата на шампионите, кога на „Сантијаго Бернабеу“ го пречекува италијанскиот калчолигаш Наполи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА