Босанскиот интернационалец Един Џеко игра во врвна форма во италијанскиот калчочигаш Рома оваа сезона и со 17 постигнати гола изби на првото место на листата на стрелците во Серија А. Тоа не останува незабележано и од најголемите европски клубови, а се ‘запали’ и актуелниот првак на Стариот континент, Реал Мадрид.
Според најавите на шпанскиот „Ас“, тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, сака да купи нов напаѓач во летниот преоден рок, а на неговиот список се наоѓа токму Един Џеко. Босанскиот „дијамант“ се вклопува во неговиот систем на игра за класичен центарфор, кој игра одлично со глава, но и со двете нозе, и е врвен егзекутор.
Реал Мадрид, покрај Џеко, во своите најтесни планови ги има и Пјер – Емерик Обамејанг и Серхио Агуеро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА