„Кралот“ Кампацо доаѓа кај Јокиќ во Денвер

Денвер е на добар пат да донесе одлично засилување за наредната сезона откако влезе во завршни преговори за ангажман на Факундо Кампацо. Аргентинскиот плејмејкер ја почна и оваа сезона во дресот на Реал Мадрид, но јасно стави до знаење дека е подготвен да си замине доолку добие интересна понуда од НБА-лигата. Иако претходно беше поврзуван со Далас и со Минесота, раководството на Денвер во изминатиот период направи огромен чекор напред кон ангажманот на Аргентинецот.

Тој е еден од најпродуктивните плејмејкери во Евролигата, минатата сезона имаше просек од 9,9 поени и 7,1 асистенции по натпревар. Кампацо ја презеде улогата на лидер на тимот по заминувањето на Лука Дончиќ во НБА, а „кралевите“ ќе имаат тешка задача да доведат негов наследник среде сезона.

Последниот меч во Евролигата како член на Реал Мадрид аргентинскиот ас ќе го игра утре против екипата на Фенербахче.

Се вчитува...