„Кралот“ Леброн му донесе гостинска победа на Кливленд

Леброн Џејмс одново беше играч на одлука за триумфот на Кливленд во неизвесниот натпревар на гостувањето против Денвер со 113-108 во НБА.

Кливленд одлично го отвори мечот и уште по првиот дел имаше 15 поени разлика. Предност гостите успеваа да ја одражат во текот на целото прво полувреме, но на одмор заминаа само со три поени позитива.

Денвер успеа да се врати во натпреварот во третата четвртина и предводени од расположениот Никола Јокиќ, да влезат во неизвесна завршница. На почетокот од последната четвртина домаќините комплетно ја презедоа иницијативата и беа на праг на комплетен пресврт на мечот. Но, тогаш на сцена стапи Леброн Џејмс. Најдобриот кошаркар на Кливленд ја презеде одговорноста на себе, беше прецизен во решавачките моменти и му донесе триумф на својот тим.

„Кралот“ Леброн натпреварот го заврши со 39 поени, 10 асистенции и осум скока. Кај Денвер одлична партија одигра Јокиќ со 36 поени и 13 скока.

Во другите синоќешни натпревари во НБА лигата, хјустон славеше нов триумф, овој пат на гостувањето кај Милвоки со 110-99. Њу Орлеанс славеше против Сакраменто со 114-101, а ЛА лејкерс го победија Орландо со 108-107.

Се вчитува...