„Кралот“ може буквално и сам: Со нов рекорд во друштво на Мајкл Џордан

Кливленд синоќа славеше против Бруклин, Хјустон запиша нова победа а Њујорк изненади во Вашингтон. Ова се дел од натпреварите од синоќешните дуели во НБА лигата во која и Портланд славеше на гостувањето против Оклахома.

Ноќта ја одбележа Леброн Џејмс кој буквално сам го победи Бруклин со 121-114. Џејмс постигна дури 37 поени, а сето тоа дополнето и со 10 скока и 8 асистенции. И по десетти пат ја надмина бројката од 2.000 поени во сезона, нешто на кое досега им успеало само на Карл Мелоун и Мајкл Џордан.

Добар ефект во триумфот на Кливленд имаше и Кевин Лав со 20 поени и 15 скока, а рекорд на кариерата во тимот на Бруклин забележа и Џо Харис кој постигна 30 поени.

Хјустон со 118-99 славеше против Атланта, а интересено е дека Џејмс Харден беше дури трет најефикасен кај „ракетите“. Грин постигна 25 поени, Гордон – 22 поени, а Харден стигна до нов „трипл-дабл“ со 18 поен, 15 асистенции и 10 скока.

Њујорк неочекувано славеше со 97-101 во Вашингтон со 19 поени на Барки. На спротивната страна Бил постигна 14 поени.

Секако, неочекуван е поразот и на Голден стејт дома од Јута која славеше со 91-110 со 20 поени на Мичел и 17 поени на Гоберт.

Изненадување сигурно е и триумфот на ЛА Клиперс во Торонто од 106-117. Лу Вилијамс со 26 поени и Тобијас Харис со 20 поени се погрижија за поразот на Торонто. Во победата на Бостон во Сакраменто од 104-93, Розие постигна 33 поени а Хилд имаше 21 поен на спротивната страна.

Портланд на гостувањето против Оклахома славеше со 105-108. МекКалум постигна 34 поени за Портланд а го следеше Лилард со 24 поени, додека Јусуф Нуркиќ стигна до нов „дал-дабл“ од 17 поени и 12 скока. Очекувано Расел Вестбрук беше најефикасен кај Оклахома со 23 поени, дополнето и со 9 асистенции и 8 скока.

Се вчитува...