Реал Мадрид излезе како победник од првото евролигашко „Ел Класико“ откако „кралевите“ на гостински терен ја декласираа Барселона со резултат 92-101. Каталонците влегоа во дуелот на крилата на неверојатната победа во Белград над Партизан, но овојпат налетаа на поквалитетен противник кој одигра перфектно во нападот и во голем стил, со троцифрен број постигнати поени стигна до петтата евролигашка победа.
Реал Мадрид се одлепи пред крајот на првата четвртина што „кралевите“ ја добија со 24-34, по што избраниците на Скариоло го контролираа резултатот до самиот крај за заслужена радост среде каталонската престолнина.
Лајлс одигра одличен меч за Реал постигувајќи 29 поени, по 15 поени реализираа Кампацо и Хезоња, додека најефикасни кај Барселона беа Клајбурн со 19 и Пантер со 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

