Краснодар до минимален триумф над Фенербахче

Возбудувањата во нокаут фазата од Лигата на Европа стартуваа со мечот во Русија, каде Краснодар по голема битка славеше над Фенербахче со минимални 1-0. Мечот беше решен со голот на Клаесон по само четири минути игра, по што Фенербахче и покрај обидите за камбек не успеа да стигне до израмнување.

Дик Адвокат не може да биде задоволен од изданието на својот тим, па јасно е дека турскиот гигант ќе мора да одигра далеку подобро на реваншот во Истанбул доколку сака да се пласира во осминафиналето од ова европско натпреварување.

All Goals & highlights – Krasnodar 1-0… by RussellLerman

Се вчитува...