Кристиан Стојани со голем успех на улична трка во Кил

Македонскиот атлетичар Кристиан Стојани запиша голем успех на улична трка во Кил, Германија. Кристиан настапува за атлетскиот клуб Олимп од Битола.

Македонецот беше најбрз на петкилометарската трка и на највисокото место на пиедесталот се искачи со време од 17.35 минути.

Стојани е првиот член од возобновувањето на АК Олимп од Битола и репрезентативец на Македонија, а на трката во Кил настапи, носејќи дрес од својот матичен клуб.

Се вчитува...