Кристијан Тело во 95. минута спречи брука на Фиорентина во Пескара

Кристијан Тело е херојот на Фиорентина во 22. коло од Серија А, откако со два гола во финишот донесе пресврт победа од 1-2 за тимот од Фиренца на гостувањето против Пескара.

Срамот на тимот од Фиренца во Пескара беше спречен во 95. минута кога Кристијан Тело го постигна вториот гол за победа од 1-2. Претходно, Тело стрелаше и во 68. минута за 1-1, откако Пескара поведе уште од 15. минута со голот на Капрари.

Federico Chiesa Goal HD – Pescara 1-2 Fiorentina by riqezi

Фиорентина по овој триумф се израмни со Милан со 37 бода на седмата позиција.

Се вчитува...