Кристијано Роналдо не е во плановите на Тен Хаг во Манчестер јунајтед

Се поголеми се шпекулациите дека холандскиот стратег и шеф на стручниот штаб на Ајакс, Ерик тен Хаг веќе си има подадено рака со првите луѓе на премиерлигашот Манчестер јунајтед и дека од следната година ќе седне на клупата на тимот од „Олд трафорд“.

Веќе почна да се шпекулира и со тимот кој ќе го има младиот стратег, а сигурно е дека со неговото доаѓање во Манчестер ќе се случат многу промени и во ростерот на клубот.

Англиските медиуми излегоа со интересна информација која вели дека првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо не е во плановите на холандскиот стручњак. Тој тоа му го има соопштено на Португалецот, па веројатно по само една година по неговиот кам-бек на „Олд трафорд“, Роналдо ќе мора да си бара нова средина.

Се вчитува...