Критики кон Рицоли: Имаше два пенали за Интер…

Серијата од седум победи по ред на Интер беше прекината со синоќешниот пораз од шампионот Јувентус, а вообичаено е по пресметките на овие два тима поразениот да има замерки за судењето. Исклучок не беше ниту последниот дерби дуел, па така Стефано Пиоли по средбата истакна разочараност што неговиот тим не добил ниту еден од двата заслужени пенали во првото полувреме.

Во првото полувреме имаше неколку одлуки во шеснаесетникот на Јувентус кои беа против нас. Добро се движевме, создававме шанси, требаше да добиеме два пенали, дополнителниот судија беше на дваесетина сантиметри, но не реагираше“ – истакна стратегот на Интер, алудирајќи на стартовите на Кјелини и на Манџукиќ над Мауро Икарди.

Juventus - Inter

Јас порано бев дефанзивец и добро знам дека Кјелини го загуби човекот што го ччуваше, па го крена лакотот на Икарди. Стартот на Манџукиќ исто така беше чист пенал што не ни беше досуден“ – дополни Пиоли.

Без оглед на поразот, шефот на стручниот штаб на „нероаѕурите“ изрази задоволство од покажаниот карактер на својот тим.

Одигравме израмнет натпревар против Јувентус, меч што го загубивме поради едно наше невнимание со кое му овозможивме на Квардадо осамен да ја дочека топката на волеј од над 25 метри. Како и да е игравме добар меч, создававме шанси против одличната одбрана на Јуве и штета е што во клучните моменти не ги носевме вистинските одлуки. Настапот на овој дерби натпревар беше само уште еден доказ дека се движиме во вистински правец, штета е што не освоивме барем еден бод“ – изјави Пиоли.

Се вчитува...