Кризата е минато за Барса – „Спотифај“ плаќа 280 милиони евра за три години како спонзор на каталонците

Жоан Лапорта успеа да ги реши финансиските проблеми на Барселона договарајќи богат спонзорски договор со кој Барса ќе ја подобри ликвидноста, воедно и ќе биде конкурентна на пазарот во обид да стигне до потписот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.

„Спотифај“ ќе биде главен спонзор на каталонскиот гигант во наредните три сезони почнувајќи од 2022/23, откако челниците на оваа компанија во текот на викендот беа во Барселона и ги договорија сите детали од спонзорскиот договор. Барса во овие три години ќе заработи огромни 280 милиони евра, или 93,3 милиони по сезона, што е значително зголемување во однос на оние 55 милиони евра што каталонците ги добиваа од Ракутен.

Претходниот претседател Бартомеу го закопа тимот во сериозна финансиска криза, но Лапорта дефинитивно го покажа „светлото на крајот од тунелот“. Иако стартот на сезонава делуваше катастрофално, по заминувањето на Меси, болеста на Агуеро и серијата слаби резултати, одличниот маневар во јануарскиот преоден рок надополнет со спонзорскиот договор со „Спотифај“ е најава дека Барса експресно ќе се врати онаму каде што припаѓа, при самиот врв на европскиот фудбал.

Се вчитува...