„Кршев се што ми се најде при рака во домот, врескав, плачев… Нема да го заборавам тој ден“

Ќерката на Синиша Михајловиќ, Викторија во свое емотивно ослободување вели дека никогаш нема да го заборави денот кога дознала за болеста на својот татко.

„Заѕвони телефонот на мајка ми, а од другата страна тој, мојот татко – мојот Бог. И почна да ми објаснува некои нешта дека правел тестови затоа што не се чувствувал добро. Тоа ми го зборува човекот кој играше фудбал, се веселеше, трчаше, тренираше со екипата, човекот кој никогаш не го држеше место. И тоа само пред три дена пред тие тестови и симптоми“ – пишува Викторија во својата книга „Синиша, мојот татко“, на која страшната вест и го промени мирниот и удобен живот во Италија.

„Кога дојде веста не можев да се соземам. Кршев се што ми се најде при рака во домот и врескав, плачев. Чувствува огромна болка, до лудило. По некое време само можев само да му кажам ‘Тато, те сакам’“.

Викторија во својата книга ја опишува и љубовта на нејзината мајка Аријана и Синиша Михајловиќ, кои се во брак веќе 25 години.

Се вчитува...