Крсте Велкоски донесе победа за Сараево… (ВИДЕО)

Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски со нов гол во шампионатот на БиХ донесе победа за Сараево во 13. коло против Слобода.

Сараево триумфираше со 1-0 благодарение на погодокот од пенал на Велкоски во 61. минута од натпреварот…

Ова е шести гол за Велкоски во првенството, со кој се проби на петтата позиција на листата на најдобрите стрелци.

Сараево, пак, со новите три бода дополнително се зацврсти на врвот од табелата со 33 бода, сега со пет бода повеќе од Зрински и Железничар кои имаат по 28 бода.

Се вчитува...