Крсте Велкоски е нов спортски директор на Сараево

Поранешниот македонски фудбалер Крсте Велкоски е нов технички директор на фудбалскиот клуб Сараево.

Велкоски кој има 37 години, се враќа во Сараево каде што помина пет успешни години. Минатата сезона го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров и му помогна на тимот да се врати во прва лига.

„Во својата нова улога, Крсте ќе биде клучна спојка меѓу спортскиот директор, стручниот штаб на првиот тим. Задачата ќе му биде да ги спои сите сегменти на спортскиот развој на клубот, со цел градење на јасна, препознатлива и долгорочно одржлива спортска филозофија. Истотака, Велкоски ќе биде задолжен за соработка со играчите кои доаѓаат во клубот, за да им помогне во адаптацијата. Добредојде назад Крсте, сега во нова улога, но со стара мисија, освојување трофеи“, објавија од клубот.

Се вчитува...