Крсте Велкоски и Сараево повторно шампиони, прекин на фудбалската сезона во БИХ

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски и Сараево се повторно шампиони на Босна и Херцеговина откако натпреварувачката комисија на Фудбалската федерација на БИХ денеска донесе одлука да прогласи крај на сезоната со прогласување првак. Фудбалската елита на БиХ ќе ја напуштат Челик и Звезда, а во европските натпреварувања покрај Сараево ќе одат и Железничар, Зрински и  Борац.

Донесена е одлука да не биде одиграна ниту завршницата на купот на БИХ. Со оваа одлука Сараево врзува две последовни титули, а го забележува вкупно петтиот шампионски трофеј во националното првенство на Босна.

Оваа одлука на натпреварувачката комисија треба да ја потврди и Извршниот одбор на федерацијата на БИХ, но се очекува тоа да биде само формалност со оглед дека ставовите и на претставниците на Фудбалскиот сојуз и на клубовите се идентични како тие на комисијата која проценила дека нема услови за фудбал во државата.

 

 

&

;

 

 

Се вчитува...