Крсте Велкоски погоди во стилот на Зинедин Зидан (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски постигна фантастичен гол за Сараево во 1/16 финалето од Купот на БиХ. Тој зафати волеј „ала Зидан“ и ја затресе мрежата на Вележ, речиси копирајќи го голот на Французинот од финалето на ЛШ против Баер Леверкузен. Тоа беше и победнички погодок за Сараево на овој меч (0-1).

Се вчитува...