Македонскиот напаѓач Крсте Велкоски го постигна и третиот гол сезонава во дресот на Сараево носејќи предност за својот тим против Радник во 12. коло од шампионатот на БиХ.
По убавата акција на Татар од десната страна, Велкоски се најде на вистинското место и мајсторски со глава погоди во 10. минута…
Сепак, гостите до полувремето успеаја да израмнат со голот на Глишиќ во 32. минута. Па, на полувремето на мечот меѓу Сараево и Радник е 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА