Куман е прв тренер кој добил отказ од Лапорта, за тоа дознал во авион

Епизодата на Роналд Куман во Барселона е завршена, а ќе остане позната како првиот тренер кој добил отказ од претседателот Жоан Лапорта. Во првиот мандат на Лапорта кој траеше од 2003 до 2010 година оваа фукнција ја завршеа Френк Рајкард (2003-2008), а потоа и Пеп Гвардиола кој се задржа до 2012 година.

Интересно е тоа што за отказот холандскиот стратег дознал во авион во едночасовниот лет од Мадрид до Барселона, а на играчите оваа одлука им била соопштена по пристигнувањето во тренинг центарот „Жоан Гампер“, пренесува шпанска „Марка“.

Барселона по десет одиграни кола во шпанското првенство има само 15 освоени бода со четири победи, три нерешени и три изгубени дуели. Притоа во Лигата на Шампионите каталонците по три одиграни натпревари имаат учинок од една победа и два порази со што ќе се борат за втората позиција во групата.

Се вчитува...