Куман нема да добие отказ, неговата иднина зависи од следните три меча

Тренерот на Барселона, Роналд Куман нема да добие отказ по вчерашниот пораз на Ел Класико од Реал Мадрид со 1:2.

Иако се чинеше дека тоа ќе биде последен меч на Холанѓанецот, сепак, сега нема да биде избркан, и неговата иднина ќе зависи од следните три натпревари со Рајо Ваљекано, Алавес и Динамо Киев.

Во моментов Куман има доверба од раководството, и покрај тоа што навивачите вчера го кажаа своето. По натпреварот со Реал, го опколија автомобилот на Куман, и побараа негово заминување.

Една од причините што не добива отказ е и големата сума која Барса треба да му ја плати при евентуален предвремен раскин на договорот, односно цифрата е 12 милиони евра.

Се вчитува...