Куман контра Клоп: Јирген покажа непочитување кон Реал Мадрид

Јирген Клоп го критикуваше Реал Мадрид пред неколку дена по четвртфиналниот натпревар во Лигата на шампионите. Ливерпул беше поразен на првиот натпревар со 3-1, а Клоп рече дека неговите играчи едноставно не биле мотивирани и имале чувство дека се работи за обичен натпревар од Лигата на шампионите кога го виделе стадионот на кој играат.

Познато е дека Реал своите натпревари ги игра на помошниот терен на Алфредо ди Стефано, кој има капацитет од само 6.000 места. Критиката на Клоп не и се допадна на јавноста, па дури и тренерот на Барселона, Роналд Куман, ја критикуваше изјавата на Јирген.

Имено, Реал и Барселона вечерва ќе го идиграат спектакуларното „Ел Класико“, а на прес-конференцијата за медиумите се обрати Холанѓанецот кој проговори за изјавата на Клоп.

“Тој покажа непочитување кон голем клуб каков што е Реал Мадрид. Тие одлучија да го искористат овој период кога се игра без навивачи за да го реновираат стадионот и тоа е во ред. Тие играат на овој терен и противниците го знаат тоа, така што за мене не претставува никаков проблем”, изјави Куман.

Се вчитува...