Куман за нередите пред „Камп Ноу“: Сакав да излезам од автомобилот, но ми рекоа немој…

Поразот од Реал Мадрид во големото шпанско дерби не помина добро кај навивачите на Барселона кои го пречекаа холандскиот стратег пред „Камп Ноу“, изразувајќи го незадоволството од работата на Роналд Куман.

Сепак тренерот на Барселона смета дека не постои решение за проблемот и дека станува збор за мала група на луѓе кои не познаваат вистински вредности.

„Не постои решение за тоа бидејќи тоа е проблем настанат од социјалните мрежи. Тоа се луѓе кои не ги познаваат вистинските вредности и не треба да им се обрнува внимание. Слично им се случуваше и на играчите. Имам се снимено. Не бев уплашен. Во еден момент сакав да излезам од автомобилот, но ми рекоа остани не вреди“, изјави Куман.

Се вчитува...