Куманово и Центар најуспешни на атлетскиот Куп на Македонија за младинци (ФОТО)

Атлетските клубови Куманово и Центар се најуспешни во генералниот пласман на Атлетскиот Куп на Македонија за младинци и младинки кој викендов се одржа на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.

На Купот, на кој настапија и дел од најдобрите македонски атлетичари и во сениорска конкуренција, Дарио Ивановски беше неприкосновен на трката на 3.000 метри на која победи со време од 8:58.40 минути. Дарио Ивановски победи и на трката на 5.000 метри со време од 16:59.23 минути.

На трката на 100 метри триумфираше Адриан Исмаили од АК Студенти, пред Ејрон Нуредини. Кај младинките, пак, на 100 метри победи Марија Јованоска од АК Охрид. Марија Дувлис од АК Куманово победи на трката 100 метри со пречки.

Ејрон Нуредни од АК Студенти победи на трката на 400 метри, пред Филип Апостолоски од АК Најк ран. А, на 800 метри еден-два победа запишаа атлетичарите на АК Најк ран, Стефан Грнчаревски и Филип Апостолоски.

Во штафетните трки, 4х100 метри кај младинците победи штафетата на АК Лириа, а кај девојките штафетата на АК Куманово.

КОМПЛЕТНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД АТЛЕТСКИОТ КУП НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЛАДИНЦИ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Се вчитува...